Тимот на Атлетико Мадрид се пласираше во финалето на Лига Европа, откако го победи Арсенал со 1: 0 на домашен терен во реваншот помеѓу двата тима. На овој начин избраниците на Диего Симеоне го отстранија противникот со вкупен резултат 2: 1, откако првата средба во Лондон заврши 1: 1.

На стадионот „Ванда Митрополитано“ во шпанската престолнина дуелот започна непријатно за гостите, откако уште во почетните минути капитенот на тимот Лоран Кошчелни заработи тешка повреда на ахиловата тетива и мораше да го напушти принудно теренот. Повредата речиси сигурно ќе го спречи дефанзивецот да учествува на Светското првенство во Русија ова лето.

„Топџиите“ беа поактивни во потрага по потребниот гол, но беа казнети во контранапад непосредно пред паузата кога Диего Коста беше добро пронајден од Антоан Гризман и  соочувајќи се очи во очи со Давид Оспина успеа да го совлада. По паузата домаќините се бранеа вешто и беа опасни во контранапад, но голови не беа постигнати и на крајот Реал победи со 1: 0, за да се квалификува за финалето на натпреварувањето, кое ќе се одигра на 16 мај во Лион.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO