Раководството на Пари Сен Жермен подготвува понуда во вредност од 100 милиони фунти за плејмејкерот на Тотенхем Кристијан Ериксен, соопшти британскиот весник Дејли Експрес. Данскиот репрезентативец е со главна улога за силното претставување на „Тотенхем“ во последните сезони, а и во текот на оваа година се претставува на многу високо ниво. Досега во кампањата купениот за 11 милиони фунти од Ајакс во 2013 година фудбалер има запишано 14 гола и 12 асистенции во сите натпреварувања.

Токму во негово лице од штабот на ПСЖ го гледаат идеалниот избор за да ја подобрат средната линија во следната сезона, кога на чело на тимот се очекува да застане поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Томас Тухел.

Ако трансферот на Ериксен стане факт, тогаш 26-годишниот играч од средниот ред ќе се претвори во уште една скапа инвестиција на францускиот шампион, кој во изминатото лето и плати рекордни 222 милиони евра на Барселона за Нејмар.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO