Гола статуа на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде изложена во „Haunted Museum“ откако истражувач на паранормалното ја купил на аукција. Од аукциската куќа „Џулианс“ соопштуваат дека го продале делото (за која тие веруваат дека е последната која останала) за 28 000 американски долари на аукција во Лос Анџелес.

Непознатата статуа на анархистичко здружение од Западниот Брег создадена како дел од серија голи статуи на 45-тиот претседател на САД – гол, но без топки.

Во август 2016 година за време на претседателската кампања статуите почнаа да се појавуваат на јавни места во Лос Анџелес, Сан Франциско, Њујорк, Сиетл и Кливленд, со идејата да привлечат меѓународното внимание.

Другите четири статуи, дел од проектот „Царот нема топки“ се смета дека се уништени или конфискувани. Во одговор на властите во Њујорк се вели дека статуите биле отстранети, бидејќи е „неприфатлива секоја ерекција во паркот, колку и мала да е таа.“

Единствената останата копија била спасена од галеријата „La Luz de Jesus“ на бул. Холивуд пред да биде земена и стопена.

Купувачот Зак Баганс, истражувач на паранормалното вели дека ќе го стави голиот Трамп во неговиот „Haunted Museum“ во Лас Вегас.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO