Во изминатата година компанијата ʺСониʺ забележа печалба од 4,5 милијарди долари.

Нето-приходите на компанијата изнесуваат 490,8 милијарди јени (4,5 милијарди долари) од март минатата година. Растот се должи на зголемувањето на продажбата и добриот девизен курс. „Сони“ изјави дека сите негови деловни сегменти, покрај мобилните телефони, се зголемуваат во продажбата. Добивката од продажба на активи исто така е вклучена во конечниот износ.

Во однос на сегментот за игри, таму се набљудува раст од 18% во продажбата поради зголемената употреба на гејмерскиот софтвер за ʺPlayStation 4ʺ. Повисоките нивоа на приходи исто така се должат на добри девизни курсеви, како и на зголемувањето на трошоците за платено членство кон платформата PlayStation, соопшти компанијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO