Британскиот принц Хари го покани својот брат, принцот Вилијам, да биде кум на неговата венчавка со поранешната американска актерка Меган Маркл следниот месец.

„Принцот Хари побара од својот брат, херцогот од Кембриџ, да биде негов кум на неговата свадба со Меган Маркл“, се вели во соопштението на британскиот кралски двор. „Почитуваниот херцог од Кембриџ бил замолен и ќе ја прифати честа да биде кум на свадбата на својот брат во параклисот „Свети Џорџ“ во Виндзор на 19 мај“, се наведува уште во соопштението.

Хари беше кум на свадбата на Вилијам со Кејт Мидлтон во 2011 година Информацијата доаѓа по раѓањето на третото дете на Вилијам и Кејт во првиот ден од оваа седмица.

Херцогот и херцогињата од Кембриџ сè уште не го посочиле името на новиот принц.

Претстои Маркл да објави која ќе ниде нејзина деверуша.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO