Рускиот претседател Владимир Путин ќе добие „Златна палма“ – награда, доделувана од Assisi Pax International за придонес кон мирот, пишува полскиот весник „Газета виборча“. Авторот Томаш Белецки се повикува на извори од Ватикан и се чуди како таква награда ќе биде доделена на човек кој го поддржува режимот на Башар Асад во Сирија.

Според него, Путин може дури и да го посети папата Френсис кога ќе го посети Рим.

„Златна палма“ се доделува од Assisi Pax International – организација, коjа ги следи принципите на свети Фрањо. Наградата е воспоставена во 80-тите години на дваесеттиот век, а нејзини носители во минатото биле единствениот претседател на СССР Михаил Горбачов и претседателот на САД Роналд Реган, како и папата Бенедикт ХVI.

Според изворите на „Газета виборча“ наградата е консултирана со Ватикан, а Путин се согласил да пристигне во Италија за приемот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO