Шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас на 25 април, в среда попладне ќе имаат состанок со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц, потврдија од министерството за надворешни работи и Обединетите Нации.

Грчкиот информативен портал Ин минатата недела објави дека новата средба се планира под голема тајност, но индиректно ја поврзува и со изјавата на Коѕијас за радиото 247 дека не може да се постигне договор до јулскиот НАТО Самит.

Никола Димитров и Никос Коѕијас, како што веќе беше соопштено по нивната средба во Охрид, ќе се сретнат и на двете конференции кај јужниот сосед, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO