„Косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај се мафиози. Тие не се интересираат за народот. Тие се интересираат само за пари и за моќ“.

Ова го кажа поранешниот американски конгресмен и долгогодишен албански лобист во САД, Џозеф Диогарди. „Албанската елита мисли дека сè може да се купи со пари“, изјави Диогарди за косовскиот портал ʺИнсајдерʺ.

„Тие се обидоа и мене да ме поткупат, Ми понудија пари за да можат потоа да кажат дека ја имаат и мојата поддржка. Но не прифаќам признанија од корумпираните водачи“, рече уште поранешниот конгресмен.

Тој го обвини косовскиот претседател Хашим Тачи за користење на средства од буџетот на земјата за да ја напише и промовира својата автобиографија. Диогарди рече дека од косовскиот државен буџет се исплатени 2,3 милиони евра на американската компанија ʺАлисон Бардʺ, во која работи поранешниот сенатор и лобист Роберт Доул..

Диогарди и Том Лантос се сметаат за најголемите албански лобисти и борци за независност на Косово. Диогарди со години раководи со Американско-албанската лига во Вашингтон.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO