Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е „оптоварена“ од неуспехот да се елиминира антисемитизмот во Сојузна Република, соопшти каналот 10 во саботата вечер.

Меркел се согласи да даде ексклузивно интервју за израелскиот новинарски канал во кое се осврна на германско-израелските односи и светските настани. Интервјуто ќе се емитува денес.

„Јас сум вознемирена од фактот дека еврејските институции бараат детали за безбедноста во 2018 година“, рече Меркел. Таа го поврзува со доаѓањето на бегалците и „луѓе со арапско потекло“, кои како што ијави Меркел , „носат нова форма на антисемитизам во Германија“.

Канцеларката додаде дека „за жал, антисемитизмот постои во Германија дури и пред нивното пристигнување“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO