Како дел од обезбедувањето на воена и техничка помош, Белорусија ќе и достави на Србија четири ловци МиГ-29 , изјави во интервју за весникот „Политика“ српскиот министер за одбрана, Александар Вулин.

За време на посетата на Москва во април Вулин соопшти дека разговарал со рускиот колега Сергеј Шојгу за можноста за набавка на четири борбени хеликоптери Ми-35, четири транспортни Ми-17, тенкови Т-72, ​​БМП-2 и друго вооружување. Тој, исто така, ги спомена преговорите со Белорусија за ловците.

„Од Белорусија, добивме четири авиони МиГ-29, кои ќе бидат ремонтирани и надградени, како и шестте авиони добиени од Руската Федерација. По договор меѓу претседателите [Александар] Вучиќ и [Александар] Лукашенко Белорусија ни ги подари авионите, за што многу им благодараме „, рече Вулин.

Според зборовите на министерот оваа година Белград „ќе располага со целосна ескадрила МиГ-29, ќе пристигнат хеликоптери Ми-17 и Ми-35“.

Претходно, Вучиќ и Вулин нееднократно ја истакнуваа важноста од добивањето на шестте ловци МиГ-29 од Русија во рамките на обезбедувањето на воено-техничка помош.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO