Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија и контроверзниот балтички проект за гасовод.

Путин упатил критика за воздушните напади врз Сирија спроведени минатата недела од страна на САД, Британија и Франција. Тој, според соопштението, на Меркел и порачал дека нападите биле чин на агресија со кои се прекршила повелбата на ОН и им задале удар на напорите за ставање крај на конфликтот во Сирија. Путин и Меркел разговарале и за проектот Северен Тек 2 кој треба да пренесува гас од Русија преку Балтичкото море до Германија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO