„Имајќи ги предвид барањата на времето, група на наставници и јавни личности – синови на Македонија – пред две години требаше да работат во оваа насока, со уверување дека ќе ја задоволат командата на времето.“ За да се постигне оваа задача, иницијаторите одлучија да подготват и објават албум, алманах под името „Македонија“. Но, исто така, Алманахот ги следи и другите не помалку важни цели, имено: македонското прашање е на патот на неговото решение, но крајот не може да се предвиди, а не е толку близок колку што се сака од измачените…“

Од Авторите на Алманахот.

Редакцискиот комитет е составен од Илија Иванов – револуционер и поборник на ВМРО од Прилеп, Вардарска Македонија; Александар Развигоров – револуционер на ВМРО и воjвода од Штип, Вардарска Македонија; Димитар Ризов – револуционер на ВМРО од Велес, Вардарска Македонија; Лазар Томов – револуционер и емигрант на ВМРО од селата Годлево, Разлог, Пиринска Македонија и Стефан Аврамов – револуционер на ВМРО и воjвода од градот Чирпан, Тракија

Долниот текст е извадок од Алманахот, адаптиран на литературен јазик:

Прабугарите се нарекуваат оние воинствени луѓе, дел од кои дошле во 679 на чело со Аспарух, го поминале Дунaв, ги поразиле византиските трупи и ставиле почеток на нова бугарска држава на Балканот. Кон нејзиниот моќен воен систем кон Прабугарите постепено се приклучиле кон нивната држава, доброволно или на сила непријателите против Византија, словенските племиња јужно од Дунав, имено, југоисточната половина од нив. Благодарение на големиот број на словенското население и благодарение на христијанството кое особено помагало да се слеат завојувачите и подчинетите, малобројната орда на Аспаруховите Прабугари се стопила со Словените.

Мапа на преселувањето на Прабугарите обележано со црвена боја

И наместо одделните локални племенски имиња како Севери, Смолјани, Струмјани и други, Словените го примилие политичкото име на завојувачите „Бугари“, како ги запазиле воопшто својата битова особеност и словенскиот јазик, како што се случило со Франките во Галија, со Ворјазите во Русија итн.

Додека траело делото на асимилацијата, често пати Словените се делеле од Прабугарите, особено одделно се спомнува „јазикот Словенски“, на кој се развило големо творешство, мешајќи се со соодветниот јазик од Прабугарите. А кога асимилацијата била завршена, тогаш општиот јазик се нарекол со државното име „Бугарски“, иако се разликувал многу од јазикот на Прабугарите. По потекло, Прабугарите припаѓаат кон средноазиските турански народи, кои живееле како номади, и говореле туркско наречје* По Прабугарскиот јазик и организација биле сродни со Хуните, Хазарите, Куманите**, сегашните Чуваши на Волга и други турко-татарски народи.

Во новоземената земја од Византија – цела сегашна Добруџа и Источна мизија – прабугарите нашле сосем одделни Словенсkи племиња. Едно од нив (Северите) требало да го пази Источниот Балкан од византиските напади, а другите седум- западната граница од грабежите на Аварите. Значи, Прабугарите се потпирале на помошта на Словенските племиња, заварени во завојувачката земја. Понатау, новата држава се засилува и се шири за сметка на Византија, каде ја присоединува западна Мизија, Македонија (од првата половина на 19в.) Албанија, Епир и Тесалија.

Прабугарскиот јазик и организација биле сродни со Хуните, Хазарите, Куманите**

Во тие проширени граници, главното јадро го составувале словенските племиња. Владејачкиот народ со својата воена и административна организација го држал обединетото словенско население, секогаш готово за расцеп. А понекогаш и североисточна Бугарија била завземена и заселена од Прабугарите, таму смешувањето на двата етнички елементи била најголема. Многу послабо биле засегнати од прабугарска крв југозападните области на државата. Процесот на претопувањето на владејачкото малцинство кон Словените траел скоро два и половина века.

За тој историски резултат, каде победените и завојуваните се слеале во еден народ, каде победниците го изгубиле својот јазик, за да наложат од друга страна името и организаторската вештина, помогнале повеќе услови, од кои поглавни биле:

1) Нумеричката супериорност на Словените;

2) Државната идеја на Прабугарските владетели да ја зачуваат и прошират државата, да обединат под своја закрила неорганизираните словенски племиња. Во тој случај Словените, без да ја губат својата внатрешна самобитност и самојстојност, се јавувале како федерати кон централната власт. На почеток не врвело добро тоа обединување, но железната воена организација надвила над слабите и неорганизирани словенски племиња.

Владејачкиот народ со својата воена и административна организација го држал обединетото словенско население

Покасно, кога последните го вкуселе плодот од железната дисциплина било за запазување на своите домови од непријателски напади, кои слабата Византиска Империjа не можела да ги одбрани, било како сојузници со исти права во војните и пљачкосувањата, Словенските племиња се зближиле со освојувачите и ги заштитувале. Тоа слејување многу полесно се случувало со словенските племиња во софиско, Македонија и Тракија, зошто тамошното единство со Словените од Мизија било силно и моќно.

Додека Српските и Хрватските племиња при обидот на Цар Борис и Симеон да ги обедини кон државата биле неуспешни- Македонските Словени доброволно се соединувале со војските на бугарските „господари“ против Византија.

Прабугари и Словени заедно си помагале во 688 г., 758—759 г., 762 г., 766 г. итн, итн.

3) А таа соработка била многу моќна за обединување.
4) Етничкото и јазиковото единство меѓу мизиските Словени и македонските помогнало исто така за слејувањето.
5) Христијанството направило најдлабок и брз спој меѓу двете племиња, тоа дало пат на женувачките меѓу Прабугари и Словени, а кога станало државна религија во 856г. процесот на асимилација бил забрзан. Во текот на 10 век, наместо прабугарско малциство и словенско мнозинство, на Божјиот свет заживеал веќе еден нов голем народ „бугарски“ со словенски јазик.

6) Словенската книжевност уште повеќе помогнала за забрзување на процесот на обединувањето и преку неа станало општо достојание на обединетите племиња. Таа била пригодена за црквата, но скоро поминала и во чертозите на високата управителна класа и царскиот двор.

Извор: Аламанах Македонија, издаден 1931 година.

коментари на авторот:

*Туркско наречје и група не се асоцира со литературниот Турски јазик, Туркскиот е заеднички прајазик на таа група, како што и Старословенскиот бил прајазик на сите Словенски народи. Како директен наследник на прабугарскиот јазик се смета чувашкиот јазик

**Кумани – градот Куманово го носи името од нив, како и навивачката група „Кумани“.

Разгледајте ја, прочитајте го целиот текст и симнете ја оваа книга, дел од вистинската македонска историја ТУКА.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO