Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на 1 мај во Вашингтон ќе се сретне со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис. На средбата, како што соопштуваат од министерството, ќе биде потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД. Според соопштението, значењето на средбата е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел.

Шекеринска ќе престојува во САД од 26 април до 2 мај и ќе се сретне и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Лора Купер, а ќе има и средби во американскиот Стејт Департмент, Сенатот и Конгресот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO