Претседателот Емануел Макрон призна дека воздушните напади во Сирија „не решиле ништо“, но изјави дека Франција, Велика Британија и САД се должни да ја заштитат „честа“ на меѓународната заедница.

Ракетните напади на САД, Велика Британија и Франција во текот на викендот беа како одговор на наводната хемиски напад во Дума на 7 април, во кој 40 лица беа убиени.

„Шокот од видот на жените и децата, нападнати со хемиско оружје, треба да не поттикне да ги заштитиме правата и принципите“, рече Макрон. „Ударот во саботата ја заштитува честа на меѓународната заедница“.

Тој рече дека ударот е „целенасочен, без нити една човечка жртва, за да ги уништи трите места каде се произведуваат или обработуваат хемиски оружја.

„Овие удари не го решааваат проблемот, но мислам дека се многу важни“, заклучи Макрон.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO