Под наслов „Замор во спринтот по прашањето за Скопје“, грчкиот весник ʺКатимериниʺ го анализира развојот на македонско-грчките преговори за името.

Според текстот, иако двете страни се согласија за речиси сите регионални прашања, остануваат централните прашања, како што е ерга омнес и уставните промени.

„Индикација за заморот, кој постои на ниво преговори, е фактот дека следните средби на Коѕијас и Димитров, кои ја држат“штафетата“ на дипломатските преговори меѓу двете страни, ќе се одржат во почетокот на мај. Додека трите претходни (Скопје, Виена, Охрид) се одржаа во период од околу 20 дена. Во пракса тоа значи дека е надминат рокот за завршување на преговорите на крајот на март „, пишува во анализата.

ʺКатимериниʺ, исто така, го споменува основното сценарио на грчката страна – да се направи уставен преглед на решението за автоматско признавање под новото име, и внатре и надвор од земјата. Репортерот сепак коментира дека намерата, особено на ЕУ, за „успешната историја“ на Балканот, може да доведе до притисоци и враќање кон првичниот сценарио од пред четири месеци – тоа за меѓународен договор што би довел до гаранции за промената своевремено..

Тоа што според ʺКатимериниʺ веќе ја загрижува Атина е почетокот на „играта на обвиненија“, односно, заемно префрлање на вината ако преговорите не успеат. Затоа Грција „работи на создавање на услови за продолжување на преговорите“.

Весникот, исто така, го спомнува писмото од Нимиц до двајцата министри за надворешни работи испратено меѓу последните две средби – во Виена и во Охрид. Според „Катимерини“ специјалниот претставник на ОН во разговорите за името открива дека можностите за подобрување на постоечките околности се ограничени, но сега е време двете страни да продолжат и да постигнат конечен договор.

„Писмото на Нимиц не е само технички и правен текст, но веројатно е составено од насоки кои ги вклучуваат основните параметри за можно решение. Ова толкување не и се допаѓа на Атина, главно затоа што не сака активно учество на Нимиц во преговорите, со исклучок на неговото посредување „Покрај тоа, во контактите што ги имал Коѕијас со Нимиц во минатото, отсекогаш постоеле одредени тешкотии“, пишува Катимерини.

Весникот додава дека премиерите на двете држави се решени да одат напред, за да биде решен спорот, и дека меѓу Заев и Ципрас има „директен канал за комуникација, макар и да бил користен само неколку пати“.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO