Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека решението за Косово нема да биде безболно за Србите: „Работите треба да се решаваат со дијалог и со каков и предлог да излезам ќе бидам дочекан на нож, а за секое решение мора да победите на референдум во својата земја“, рече Вучиќ.

Тој планира својата платформа да ја изнесе на крајот на април, но не е сигурен дека така и ќе биде. Вучиќ вели дека не е за тоа конфликтот да се држи замрзнат и да се чека подобро време, оти како што вели не сака конфликтите на Балканот да се оставаат на децата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO