За косовското прашање не ни се противници Албанците, а оние кои ја создадоа таа држава и кои ни ја одземат таа територија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за телевизијата „Пинк“.

Тој, исто така, рече дека „јасно е зошто Косово преговара со САД, Велика Британија и неколку други земји на Европската унија“. Вучиќ додаде дека Приштина, како што рече Харадинај, нема своја надворешна политика, бидејќи наместо нив таа се води од САД.

Во интервјуто српскиот претседател истакна дека Србија води самостојна надворешна политика, седи „на својот стол“, но и дека се лажат луѓето кои размислуваат за возможно земјата да се развива какво и да било на европскиот континент без поддршката од Германија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO