Новото договорено сложено име треба да биде и уставно име на соседната земја, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот брифинг со новинарите. Тој одговараше на прашањето на дописникот на МИА од Атина во однос на тоа дали Грција би прифатила име што би било само за меѓународна, а не и за внатрешна употреба.

„По дефиниција е невозможно. Тоа е контрадикција на терминот, односно не е можно да говориме дека важи за сите и да исклучуваме некој од сите, односно самата Поранешна југословенска Република Македонија. Според тоа за да постои заемно прифатливо решение во конкретното прашање, неопходна е уставна ревизија и прифаќање од страна на Поранешната југословенска Република Македонија, како уставно име на новото сложено име што ќе се договори“, вели Ѕанакопулос.

Во однос на тоа каде се наоѓаат двете земји во преговорите, по средбата на шефовите на двете дипломатии, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во Охрид, и за кои точки има поклопување на ставовите и договор, а кои се уште отворени, Ѕанакопулос кусо одговори дека грчката Влада има поставено два предуслова за постигнување решение: прво сложено име и второ ерга омнес, што значи и уставна ревизија. Според портпаролот на грчката Влада, „за договорот да биде фер и одржлив треба да ги покрива овие два предуслови“, а преговорите продолжуваат како и „големите обиди за изнаоѓање заемно прифатливо решение“.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO