Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека „Бог дал можност секој дел од татковината да биде поврзан, а главниот град Приштина да биде поврзана со Пеќ, Джаковица, Гњилане, Прешево, Скопје и Тирана“.

Харадинај ја даде оваа изјава за време на првата копка на автопатот Приштина – Гнилиане – Бело Бардо. Со овој автопат ќе jа поврземе „Анаморава“ /Косовската долина/ со источно Косово /Прешево и Бујановац/“, рече уште косовскиот премиер. Општините Прешево и Бујановац се наоѓаат во југозападниот дел на Србија и се граничат со Косово.

„Она што денес ме прави особено горд се должи на фактот дека Бог ни даде можност да го поврземе секој дел од татковината, а Приштина да jа контактираме со Пеќ, Джаковица, Гњилане, Прешево, Скопје и Тирана“, рече уште Харадинај пред косовските медиуми .

Министерот за регионален развој и инфраструктура, Пал Лаукаи, рече дека 22-километарскиот пат ќе се гради 30 месеци и ќе чини 87 милиони евра.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO