Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рjабков изјави денеска дека неговата земја нема да го одложи усвојувањето на законот кој е одговор на американските санкции.

Членовите на долниот дом на Парламентот претходно соопштија дека размислуваат за усвојување на закон со кој ќе му се даде моќ на Кремљ да забрани или ограничи увоз на производи од САД.

Според Рjабков, властите разговарале за, според нив, злоупотребата на Вашингтон на статусот на доларот како глобална резервна валута.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO