Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика сите сојузници, да и укажат поголема поддршка на Турција. Тоа стана при неговата официјална посета на земјата, закажана за 16 април, со цел подготовка на претстојниот самит на НАТО во Брисел во јули.

„Турција е важна за НАТО, но НАТО е исто така важен за Турција. Алијансата се базира на основниот принцип „Еден за сите, сите за еден“. Има големо присуство на НАТО во Турција, но ги повикувам сојузниците, да им укажат уште поголема поддршка „, изјави Столтенберг пред агенцијата Анадолија во седиштето на НАТО во Брисел.

„Навистина ја очекувам мојата посета во Анкара, бидејќи Турција е високо ценет и клучен сојузник за многу причини, не само поради својата стратешка локација. Затоа е важно да седнеме со турските лидери и да разговараме за подготовките на важната средба на високо ниво, каде што ќе се занимаваме со прашања, како на пример како ќе продолжиме да го адаптираме НАТО кон поизискувачка средина за безбедностʺ, рече тој.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO