Европската комисија / ЕК / препорачува започнување преговори за членство на Република Македонија во Европската унија.

Ова се вели во извештајот, кој ќе биде објавен утре. За прв пат Македонија добива безусловна препорака за започнување преговори.

„Со оглед на напредокот ЕК препорачува почеток на преговори со Република Македонија. ЕК очекува дека ќе бидат задржани и задлабочени сегашните реформи. За да го поддржи овој курс ЕК предложи отпочнување на претпристапни преговори во областа на судството, правда, слободата и безбедноста на земјата „, се вели во извештајот, што се однесува на Република Македонија.

Брисел истакна дека Македонија успеа да ја надмине длабоката политичка криза. Неопходните структурни реформи се бавен процес, за кои се потребни години и поради штетите што беа нанесени во последниве години и тие нема да бидат отстранети за една ноќ … Позитивната промена во политичкиот менталитет е видлива во целото општество кое присуствуваше во последните години и тоа беше најголемата пречка „, пишува уште во Извештајот за напредокот на Република Македонија, кој треба да биде разгледан уште еднаш од еврокомесарите. Тој ќе биде објавен утре во Стразбур.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO