Претседателот на Косово Хашим Тачи го удостои премиерот на Бугарија Бојко Борисов со Орденот за независността за неговите заслуги за слободата и независноста на земјата.

Високата државна награда се врачува по повод десетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово, соопштија од владината прес-служба.

Овој орден е за Вашите лични заслуги и личен ангажман во поддршката на Косово, за заслугите на бугарскиот народ за развојот на пријателските односи меѓу двете земји, за престојната средба во Софија. Знаеме дека Бугарите насекаде ќе не пречекаат и насекаде ќе го почувствуваме бугарскиот дух „, рече претседателот Тачи.

Го прифаќам како знак кон бугарскиот народ, кој страдаше од војната, но отсекогаш ја поддржувал борбата за слобода, независност, демократија, мир и просперитет на целиот регион, рече премиерот Бојко Борисов.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO