Ако се реши прашањето за името на Македонија, тогаш антикризните мерки – намалување на пензиите – ќе бидат одложени шест месеци подоцна. Според грчкиот весник. „Та Неа“ тоа е ветување од Берлин за Атина во преговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор за името со Македонија.

Весникот, повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе гласаното намалување на пензиите, што треба да стапи на сила од 1 јануари 2019, ќе се одложи за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ за Грција, ако се постигне договор за името. Нешто што би му се допаднало на Ципрас и неговите изборни планови.

„Доверливи европски извори кои го запознале“ Та Неа „со преговорите кои се водат меѓу Атина и Берлин, велат за Германците дека му ветиле на Алексис Ципрас размена на силна политичка поткрепа за него и за СИРИЗА, во случај биде постигнат договор за името со Скопје со својот колега Зоран Заев. Станува збор за пренесување за шест месеци подоцна на мерката за намалување на пензиите, пишува весникот и додава дека со тоа владата може да земе длабок здив и ќе го отвори патот на Ципрас кон прогласување на избори во мај 2019г.

Текстот во „Та Неа“ предизвика бурни реакции во Грција, како од опозицијата, која ја обвини владата за тајни преговори, така и од страна на владата, која побара посериозен однос од „Нова демократија“. „Владата треба да им ја каже вистината на Грците: преговара тајно за решавање на прашањето со Скопје, за да добие во замена шестмесечно одложување на скратување на пензиите, што е обврска која самиот влада ја презеде со нејзината политика. Да или не? Грците треба да знаат „, изјави портпаролката на ʺНова Демократијаʺ Марија Спираки.

Од грчкото МНР преку информативната агенција АНА-МПА побараа посериозен однос од портпаролката на опозициската партија, додека од кабинетот на Ципрас пак рекоа дека немаат намера да ги коментираат секојдневните „заблудувачки публикации во медиумите“.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO