Долгогодишниот шампион во тешка категорија Владимир Кличко изјави дека актуелниот носител на три појаси во дивизијата Ентони Џошуа е многу подобар боксер од Тајсон Фјури. Украинецот ги загуби последните два натпревари во кариерата токму против Фјури и Џошуа, првиот го совлада на поени, додека Џошуа го сопре во 11-тата рунда.

„Џошуа е многу подобар. Тој е совршен боксер во однос на техника, размер, тежина, сила. Освен тоа продолжува да се учи. Фјури е како прдеж во ветрот – во еден момент го има во наредниот – не. Во историјата на боксот има многу примери за такви боксери. Тие се успешни за краток период, но немаат дисциплината, за да бидат успешни долго. Му посакувам на Тајсон се најдобро, но мислам дека му недостасува дисциплината, а таа е поважна дури и од мотивацијата „, коментираше Кличко.

Украинецот го коментираше и потенцијалниот судир меѓу Џошуа и Дионтеј Вајлдер за обединување на појасите во тешка категорија. „Тоа ќе е опасен натпревар за Џошуа. Вајлдер е исклучително брз поради тежината. Тој има и добра сила во рацете. Техниката му е малку дива, но ударите му доаѓаат од секаде. Тешко е да се браниш против него. Генерално Џошуа има повеќе квалитети, но Вајлдер е повисок и побрз. Тој ја нема истата тежина зад ударите, но е исклучително брз. Мечот ќе зависи од тоа во какво расположение се двајцата „, смета Кличко.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO