На едениот му градат споменик, на другиот му го осквернуваат гробот

Апсурдите во толкувањата на историјата во Македонија продолжуваат. На 14 април 2018 на сајтот Infomax – кој е отворено про-руски ориентиран и обично ја симпатизира политиката на ВМРО ДПМНЕ – партијата под чие управување бeшe изграден споменик на Васил Чакаларов – се појави скандалозна статија:

„ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ОКУПАТОРОТ: Владата во Дојран ќе гради споменик на Константин Каварналиев кој се ЗАЛАГАЛ за окупација на Македонија“

Станува збор за надгробен споменик на полковникот Каварналиев, којзагинал за време на Втората балканска војна. Таа избувнува бидејќи Бугарија не се согласува со поделба на Македонија, иако Србија и Грција ѝ ги нуделе Штип, Струмица, Кукуш, Кавала и се разбира Одринска Тракија. Во териториите окупирани од србите избувнува Тиквешкото востание. Наскоро Бугарија се нашла во војна со сите свои соседи. Отоманската империја извршила етничко чистење во Одринско. Романската армија навлегува во северна Бугарија. Кај Калиманци српската Моравска дивизија е сопрена од, бугарската Рилска дивизија, додека Македонското ополчение го разбива црногорскиот корпус. Во тоа време грчки војници го опожаруваат Кукуш, Илјадници бегалци бегаат кон бугарските позиции. Токму во нивна заштита се бори и загинува херојски полковник Константин Каварналиев. Во исто време Васил Чакаларов собрал чета, која преминува во тилот на Грците. Тој исто загинал херојски, а телото му е осквернавено! Како што е познато во последните години Чакаларов го напуштил комитлакот, си купил куќа во Софија, се оженил, му се родила ќеркичка. Кога избувнува војната тој не може да се помири и се вклучува како доброволец. Ако Бугарија победела, ако Македонија била присоединета кон Царството, најверојатно Чакаларов ќе се врател во престолнината и ќе го продолжил мирниот живот со своето семејство.

Како и да погледнеме, Каварналиев и Чакаларов учествувале во една војна, на една страна и ги дале своите животи за една кауза. Тие биле убиени од истиот непријател. Зошто за еден да биде подигнат споменик, а на другиот да не биде востановен гробот?

Уште повеќе, што надгробниот споменик на полковникот Каварналиев бил подигнат за време на Првата светска војна од еден од најпознатите скопјани од тоа време – полковник Борис Дрангов – коjисто како Чакаларов бил учесник во Илинденското востание. Подоцна по време на југословенската комунистичка власт гробот бил осквернавен.

Втората балканска војна и Првата светска војна се едни од најужасните настани што се случиле во Македонија во текот на целата бурна историја на таа земја. Во текот на овие војни имало две страни – бугарската и српско-грчката. Трета „македонска“ страна, немало. (Обидот на Димитрија Чуповски да создаде трета опција не довела до ништо). Кога овие војни завршиле катастрофално за бугарската кауза, стотици илјади ги напуштаат своите домови и се упатиле кон Пиринскиот крај, кон Софија, кон Пловдив, кон Плевен, кон брегот на Црното Море… Насекаде во Бугарија се појавиле населби со македонски бегалци. Таму тие отвориле свои културни дружества. Се собирале, пееле, плачеле, мечтаеле да се вратат во своите родни места. Многу од нив станале видни бугарски научници, писатели, политичари …

Судбината на оние, кои останале под српска или грчка окупација била поинаква. Егејска Македонија била преплавена со грчки бегалци од Мала Азија. Во југословенска Македонија, генерација подоцна се стигнало до граѓанска војна (меѓу оние за кои зачувувањето на бугарскиот идентитет било приоритет, но кои немале други потенцијални сојузници освен фашистите и нацистите) и оние кои биле склони кон компромис со Југославија околу изградбата на нов македонска идентитет (ниту Срби, ниту Бугари). Тие jа добиле поддршката на Коминтерната.

Создавањето на нови идентитети, како резултат на политичка поделба наметнати од надворешни сили, не е нешто уникатно за Македонија. Но, обидите за транспонирање на новиот идентитет на постарите генерации води само до апсурди.

Очигледно е дека Каварналиев, Чакаларов и Дрангов биле херои од една националност, кои се посветиле и загинале за една кауза. Да го разгледуваш првиот како „окупатор“, вториот како херој, а третиот како „предавник“ е благо кажано шизофренично

 

––––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO