Инспекторите од контролниот орган Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), ќе ја започнат денес истрагата на местото на наводниот хемиски напад во близина на Дамаск.

„Тимот за востановување на фактите пристигна во Дамаск во сабота и треба да оди во Дума во недела“, изјави за АФП заменик-министерот за надворешни работи, Ајман Сусан.

Делегација од експерти од ОЗХО, со седиште во Хаг, има задача да изврши истрага за нападот на 7 април против Дума, кој се наоѓа источно од Дамаск.

Западните сили тврдат дека во нападот биле користени хемиски средства, најверојатно хлор и зарин, и најмалку 40 цивили биле убиени.

Наводниот напад кој Дамаск и неговиот руски сојузник го негираат предизвикаа сериозен бран ракетни напади од САД, Франција и Обединетото Кралство во сабота.

Сусан го повтори ветувањето на сириската влада дека хемиските експерти ќе можат без пречки да истражуваат.

„Ќе гарантираме дека тие ќе можат да работат професионално, објективно, непристрасно и без никаков притисок“, рече тој.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO