Израелската армија разрушила тунел изграден од ʺХамасʺ кој поминувал од Појасот Газа на територијата на израелската држава.

Министерот за одбрана, Авигдор Либерман, рече дека тоа е најдолгиот и најдлабоко ископаниот тунел што водел од од Газа до Израел, откриен до сега.

Тунелот навлегувал неколку метри на израелска територија, но нема излез, изјави за медиумите портпаролот на армијата, Џонатан Конрикус. Објектот бил поврзан со неколку други тунели, внатре во појасот Газа и можел да се користи за напади. Израел го разрушил тунелот со полнење со материјал што го направи објектот неупотреблив. Во операцијата не се користени експлозиви.

Тунелот доаѓал од областа Џабалија во Газа и водел до заедницата Нахал Оз во Израел. Ова е петтиот тунел што израелската армија го уништува во рок од неколку месеци.

Акциите на израелските власти беа спроведени во момент кога продолжуваат започнатите на 30 март протести на Палестинци на границата меѓу Газа и Израел. Како резултат на протестите, се случија судири каде што израелските војници убија 34 Палестинци во индивидуални инциденти и беа ранети стотици.

Според Ерусалим, ʺХамасʺ има намера да ги искористи протестите како покритие за извршување на насилство.

Израел беше подложен на сериозни критики поради тоа што неговите војници користеле бојна муниција во судирите на границата со Газа. ЕУ и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутериш, повикаа на независна истрага на инцидентите. Војската соопшти дека борците дејствувале за да ги спречат нападите, да ги уништат заградувачките објекти на границата и обиди за навлегување во Израел.

Според израелските власти, од ʺХамасʺ започнале да ги градат тунелите во 2014 година по војната меѓу Израел и милитантите во Газа, вклучувајќи го и движењето ʺХамасʺ, кое владее со појасот Газа.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO