Во грчката престолнина Атина минатата ноќ се одржа протест против воздушните напади на САД, Велика Британија и Франција против Сирија.

Грчката полиција објави дека од 6 до 7.000 луѓе учествувале на протестот. Демонстрациите беа организирани од страна на Комунистичката партија на Грција. Учесниците во протестот се собраа на централниот плоштад „Синтагма“ и потоа се упатија кон дипломатската мисија на САД каде скандираа против политиката на Вашингтон. На огромен постер со црвена боја, пишуваше: „Американци, вие сте убијци! Безуспешно се обидуваа да фрлат боја во дворот на амбасадата, но полициските сили го блокираа влезот во мисијата. Пред амбасадата имаше многу полицајци и полициски автомобили.

Ова беше втор протест во последните два дена во Атина. Во петокот беа одржани анти-воени демонстрации за време на кои демонстрантите го запалија американското знаме пред Американската амбасада во градот. Главниот слоган на митинзите организирани од Комунистичката партија на Грција и вонпартиските левичарски партии и организации, беше „Грција не треба да биде вовлечена во можната операција меѓу САД и Сирија“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO