Бијонсе направи спектакуларно враќање на сцената со нејзиното појавување на фестивалот „Коачела“ со нејзиното поранешно трио „Дестани’с Чајлд“.

Пред повеќе од 100 000 луѓе во јужнокалифорниската пустина поп-ѕвездата го откри светскиот музички фестивал, нејзиното прво појавување по раѓањето на нејзините близнаци.

Пејачката не покажа никакви знаци на замор по породилното отсуство, не застанувајќи да пее и танцува во текот на два часа.

Нејзиниот сопруг, рап легендата Џеј Зи, се појави на сцената на крајот на концертот за да се приклучи на песната „Deja Vu“.

Членовите на „Дестани’с Чајлд“ Кели Роуланд и Мишел Вилијамс се приклучија на Бијонсе за три од песните на триото, вклучувајќи „Say My Name“.

Тоа беше нивното прво појавување заедно по нивниот настап за Супер Купот во 2013 година.

Сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс, исто така, се појави на сцената.

Откако ја воодушеви публиката со огномет и бујно исполнување на „Crazy in Love“, Бијонсе излезе со предлог „Lift Every Voice and Sing“ да се претвори во неофицијална афроамериканска химна.

ʺКоачелаʺ се одржува два последователни викенди.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO