Шампионите од Голден Стејт Вориорс го започнаа плејофот во НБА со победа над Сан Антонио со 113: 92 на домашен терен.

Вориорс не се претставуваа силно во завршните натпревари од регуларната сезона, но оваа ноќ не му оставија никакви шанси на својот ривал, кој заостануваше во текот на целиот дуел. Во отсуство на Стеф Кари, најпрецизен за Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 27 поени (5 тројки), Кевин Дурант додаде 24 поени, 8 скока и 7 асистенции, Джавејл Макгиј постигна 15 поени за 16 минути игра. За Сан Антонио, најмногу поени постигна Руди Геј – 15.

Во другите натпревари на Запад Торонто Репторс го победи Вашингтон Визардс со 114: 106, Филаделфија 76-ерс го разби Мајами Хит со 130: 103, а Њу Орлеанс Пеликанс победи на гостувањето на Портланд Трејлблејзерс со 97:95.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO