„Освојувањето на титулата во Англија ќе биде едно од најдобрите остварувања во мојата кариера и ќе остане во нашите срца засекогаш“, изјави менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола по успехот над Тотенхем минатата вечер.

„Граѓаните“  ги победија „мамузите“ со 3: 1 како гостин и им требаат уште само три бода, за да станат шампиони во Премер лигата. „Тука е потешко – физичките барања, временските услови, бројот на натпревари. Премиер лигата е исклучително тешка. Ова е едно од најдобрите достигнувања во мојата кариера. Да ја освојам првата титула со Барселона беше остварена мечта и потоа ја освоивме ЛШ на „Вембли“, но титулата во Премиер лигата дефинитивно е меѓу најважните „, изјави тренерот на Сити. „Имаме 87 бода пет круга пред крајот на сезоната бидејќи бевме одлични во текот на целата сезона. Луѓето велат дека имавме голем неуспех во Лигата на шампионите, но тие не ја разбираат реалноста на фудбалот. Лигата на шампионите се освојува во седум натпревари, а шампионатот е 10 месеци. Се надевам дека ќе можеме да славиме со нашите обожаватели против Свонси, бидејќи тие го заслужуваат тоа „, додаде шпанскиот специјалист.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO