Американскиот режисер од чешки потекло Милош Форман почина на 86-годишна возраст.

Тој е роден во 1932 година во Чеслав. Родителите му загинуваат во концентрационен логор за време на Втората светска војна / 1939-1945 година /.

Кинокариерата на Форман започнува во 1955 година Во Чехословачка ги снима филмовите „Црн Петар“ (1964), „Љубовта на русокосата“ (1965) и „Пожар, девојката ми“ (1967).

Во 1967 година заминува на специјализација во САД, во 1968 година е во Париз за преговори за спроведување на снимање на нов филм и останува таму, заради настаните од Прашката пролет.

Од 1971 година работи во САД и уште со својот прв филм го освои престижниот Кански фестивал. Во 1975 година Форман постигнува светски успех со екранизацијата на „Лет над кукувиче гнездо“ и за него освои награда „Оскар“. Други познати негови филмови се „Коса“ / 1979 / и „Амадеус“ / 1984 /. Последниот добива 8 награди „Оскар“ и 4 „Златен глобус“.

Форман работи со операторите Хаскел Векслер и Мирослав Ондржичек, и актерите Џек Николсон, Луис Флечер, Тријт Вилијамс, Џон Севиџ, Џејмс Кагни, Хауард Ролинс, Брат Дуриф, Том Хелси, Ф. Мареј Абрахам, Анет Бенинг и др.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO