Сирискиот претседател Башар Асад изјави дека ракетниот удар на САД, Велика Британија и Франција во Сирија ја засилува решеноста на Сиријците во борбата да го уништат тероризмот.

Тој го изјави ова за време на телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани. Текстот е распространет од кабинетот на сирискиот шеф на државата во Телеграм.

„Асад истакна дека оваа агресија само ќе доведе до засилување на решеноста на сирискиот народ да ја продолжи борбата и да го смачка тероризмот на секој сантиметар од својата татковина“, се вели во пораката.

Во 4.00 часот утринава САД, Велика Британија и Франција почнаа да нанесуваат ракетни напади по Сирија, велејќи дека тоа е одговор на употребата на хемиско оружје во градот Дума. 9 објекти се погодени. Според податоците на Пентагон операцијата траела околу 50 минути, во неа се активирани два пати повеќе проектили отколку при ударот врз воениот аеродром Шејрат минатата година.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO