Градоначалниците на 30 општини кои спаѓаат во прекуграничните области на Бугарија и Македонија се собраа вчера на средба во Куманово, за да дискутираат и договорат условите за основање на Асоцијација на општините меѓу двете земји, која ќе ја поттикне реализацијата на заеднички проекти, преку средства обезбедени од ЕУ фондови во рамките на Програмата за прекугранична соработка (ПС). Учество во средбата зедоа исто така и заменик-раководителот на амбасадата на Бугарија во Македонија Даниела Бодинова и заменик-министерот за локална самоуправа во Македонија Дејан Павлески, кои ја изразија својата поддршка и ги истакнаа придобивките од формирањето на Асоцијацијата.

На средбата во Куманово стана јасно дека ќе бидат одредени технички лица кои ќе ги координираат правните прашања, а општините Ќустендил и Куманово – иницијатори за формирање на Асоцијацијата почнуваат работа на организирање на основачкото собрание, што претстои да се одржи во Ќустендил.

Идејата за создавање на Асоцијацијата беше дадена во ноември минатата година, кога на тркалезна маса, иницирана од европратеникот од ГЕРБ / ЕНП д-р Андреј Ковачев и народниот претставник Кирил Калфин во Ќустендил се собраа градоначалници на општини од прекуграничните региони, заменик-министерот за МРРБ Деница Николова, заменик-министерот за надворешни работи Георг Георгиев, европратеникот Андреј Новаков, амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Иван Петков, амбасадорот на Република Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев, амбасадорот на Република Македонија во Брисел Андреј Лепавцов, заменик-областниот упраител на Ќустендил Радослава Чеканска и областниот управител на Благоевград Бисер Михајлов., раководители од Заедничкиот секретаријат на ПС Бугарија – Македонија и други. Настанот беше своевидно продолжение на меѓувладината средба во  неколку дена пред тоа. „Во Ќустендил ги поставивме темелите за основање на асоцијација од двете страни на границата. Преку неа тие ќе имаат можност за финансирање на проекти кои се во корист на граѓаните, како и да се најде практична примена и продолжение на потпишаниот Договор за добрососедство меѓу двете земји. „, оотсети Андреј Ковачев.

Градоначалникот на Општина Ќустендил Петар Паунов од страна на Бугарија и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски од страна на Македонија изразија желба да преземат иницијатива за формирање на Асоцијацијата. Неколку месеци подоцна, на третата последователна средба ќе се даде старт на Асоцијацијата.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO