Големите фаворити за освојување на трофејот во Лига Европа Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се соочат еден против друг во полуфиналето на турнирот. Тоа го определи ждребката која што беше влечена денес во Нион. Ждребката беше извлечена од поранешниот играч на Барселона, Ерик Абидал.

Домаќин во првиот судир ќе биде екипата на Арсенал, кој ќе го пречека својот ривал на 26 април на стадионот „Емирати“ во Лондон. Реваншот е една недела подоцна, на 3 мај на „Ванда Митрополитано“ во Мадрид.

Другиот полуфинален судир во натпреварувањето ќе е меѓу екипите на Олимпик Марсеј и австрискиот Салцбург, при што Французите ќе се домаќини во првата средба.

Финалето на Лигата на Европа е на 16 мај во Лион.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO