Само Вселенската патријаршија може да биде Црква-мајка на балканските цркви, изјавил вселенскиот патријарх Вартоломеј пред професорите и студентите од Православниот богословски факултет во Скопје на нивната средба во Истанбул.

Според Вартоломеј Бугарската Црква не може да им помага на другите цркви да го утврдат својот статус, таква одлука треба да поминат преку Вселенската патријаршија. На македонските професори и студенти вселенскиот патријарх им рекол дека секогаш се добредојдени кај него и ги смета за идната генерација теолози и свештеници во зајакнувањето на православието и односите со соседните народи и православни цркви.

Вартоломеј, исто така, им рекол дека има добри и пријателски односи со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој во неделата го посети.

Покрај оваа посета на македонскиот претседател се појави гласина дека тој изјавил дека МПЦ-Охридска архиепископија треба да се обрати кон Српската црква за решавање на нејиниот статус. Од канцеларијата на Георги Иванов, прецизираа за БГНЕС дека ова прашање воопшто не било покренато и коментирано од страна на претседателот. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов му честиташе на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за Велигден. Тие зборуваа за единството на Православната Црква и за помирувањето на христијанството со другите религии. „Во време кога светот се соочува со тешки предизвици, ние имаме потреба од заедничка посветеност и ангажираност во заштитата на христијанските вредности и принципи кои се стремиме да ги споделуваме во духот на дијалог и меѓусебно почитување“, рече македонскиот претседател.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO