Европските гиганти Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе се соочат еден против друг во големото дерби од полуфиналето на Лигата на шампионите, определи денес влечената ждрепка.

Баварците ќе бидат домаќини во првата средба, која ќе се одигра на 24 или 25 април, додека сегашните носители на трофејот ќе го пречекаат противникот на „Сантијаго Бернабеу“ недела подоцна. Во другиот полуфинален натпревар ќе се сретнат екипите на Ливерпул и Рома. Првата средба ќе биде на „Енфилд“, а реваншот – на „Стадиум Олимпико“ во Рим.

Финалето на турнирот е на 26 мај на Олимпискиот стадион во Киев, како симболичен домаќин ќе биде победникот од двојката Баерн – Реал.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO