Меѓународната група за производство на амбалажа и хартија Mondigroup има намера да инвестира над 600 милиони евра во изградба на нова фабрика во Бугарија. Ова стана јасно од средбата на заменик-министерот за економија на Бугарија Лачезар Борисов и извршниот директор на Бугарската агенција за инвестиции (БАИ) Стамен Јанев со техничкиот директор на Монд Кристијан Скилих, соопштија од Министерството за економија на Бугарија.

Заменик-министерот Борисов појасни дека инвестициските намери на трговското друштво се сметаат за приоритетни, што им овозможува да имаат корист од мерките кои ги нуди Законот за поттикнување на инвестициите. Беа разгледани и можностите за проширување на производството, при што заменик-министерот ветил дека ќе помогне максимално брзо со процедуралните решенија. „Бугарија е на мапата на инвестициските процеси и Ви благодарам што сте дел од нив“, заклучи Лачезар Борисов.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO