Пред повеќе од две децении, работев со Ричард Холбрук и нашиот тим за ставање крај на војната во Босна. НАТО рашири, а потоа презеде акција за спречување на српското етничко чистење во Косово.

Денес, три земји од Западен Балкан (Хрватска, Албанија и Словенија) веќе се членки на НАТО. Хрватска и Словенија се приклучија кон Европската унија. Сега Косово е независна држава. Повеќето Американци и Европејци психолошки го отфрлија овој брутален конфликт како решен проблем.

За жал, ова е далеку од вистина. Континуираните политички конфликти во однос на етнорелигиозниот карактер на овие народи постојано се закануваат да се претворат во национални и регионални кризи, претворајќи го регионот во примарна цел за мешање од странски сили. Експлозивната комбинација на лошо административно работење, економска стагнација и слаби демократски институции остави мало, но значајно малцинство ранливо за ангажирање од џихадисти. Сето ова го остави регионот зрел за експлоатација од страна на терористички организации и за вмешување ма надворешни лица, вклучително Русија, Кина и Турција.

За да бидат работите уште полоши, регионот страда од занемарување од страна на демократиите кои придонесоа за ставање крај на војните во Југославија. Верувајќи дека демократската иднина на Балканот е во членството во ЕУ, Соединетите Американски Држави во голема мера му ја предадоа на Брисел одговорноста за политичкиот, институционалниот и економскиот развој на регионот. Сепак, политичката инерција во ЕУ ги остави Босна, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија да чекаат. И додека САД и Европа спијат, другите сили сметаат на тоа.

Кремљ постојано го зголемува своето влијание. Русите работат на предизвикување антиевропско и антинатовско расположение. Тие ги поддржуваат екстремистичките групи (од кои едната е предмет на истрага во Босна за наводни паравоени активности) и даваат целенасочена воена помош. Кремљ исто така го разгори пламенот на етничката поделба преку дезинформативни кампањи кои ги поттикнуваат кон конфликт православните христијански народи против муслиманите, при што намерно ја поттикнуваат тензијата која ги потхрани југословенските војни во 90-тите години на минатиот век.

Во исто време, Турција и земјите од Заливот сериозно инвестираат во Западен Балкан. Турција е трет по големина инвеститор во Босна и лидерот на најголемата муслиманска политичка партија во Босна патува до Истанбул редовно за слики со поавторитарниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Саудиска Арабија и нејзините соседи во Персискиот залив го насочиле својот придонес кон поддршката на верските организации, изградбата на нови џамии и понудата на раководни религиозни правила на местните имами. Строгото вахабистичко толкување на исламот, што често е во основата на таквото учење, нема ништо заедничко со умерената традиција која се практикува на Балканот со векови, и е поврзано со растечкиот фундаментализам во регионот.

Околу 1.000 странски борци (претежно од Косово и Босна) се бореа на страната на „Исламска држава“ (ИД) во Сирија и Ирак. Иако има тренд на намалување на бројот на странските борци од Балканот, средината во која овие лица стануваат радикализирани, и опасноста од најмување меѓу незадоволните делови од населението продолжуваат да предизвикуваат загриженост. Проблемот со реинтеграцијата на вратените странски борци е уште поголем предизвик.

И на крајот, Кина исто така се стреми да го зајакне своето влијание во регионот. Во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“, Пекинг е подготвен да обезбеди огромни капитални инвестиции потребни за спроведување на неопходни инфраструктурни проекти на Балканот. Но како што видовме во Африка, слични инвестиции речиси секогаш доаѓаат со услови.

Јасно е дека САД и Европа треба да останат ангажирани со Западен Балкан – со посебен акцент на зајакнување на демократските институции, па владите да можат да одговорат на потребите на своите граѓани.

Зоната за слободна трговија на Западен Балкан, предложена неодамна од лидерите на регионот може да биде чекор во вистинската насока. Но ваквата иницијатива не треба да се гледа како замена на потенцијалните гаранции, кои треба да бидат обезбедени од страна на НАТО и ЕУ. Сериозна патна карта за пристапувањето во ЕУ ќе им обезбеди на земјите во регионот стимулација за извршување на неопходните политички и економски реформи, зајакнување на нивната соработка и за справување со растечките меѓуетнички тензии.

Се разбира, таквите напори ќе треба да обезбедат популарна поддршка, за да продолжат напред – предизвик во регион во кој населението останува длабоко поделено како однос кон институции како НАТО.

И сепак според едно неодамнешно проучување, макар што Босанците од српско, хрватско и муслиманско потекло да се поделени по многу прашања, тие се обединети во опозицијата против ИД и во желбата да се справат со економските проблеми. Членството во НАТО ќе биде полесно да се продаде на етничките Срби во регионот (кои имаат тенденција да бидат проруски и противници на НАТО), ако нивното членство се окарактеризира како помош за поголема регионална стабилност.

Можеме да гарантираме дека милијардите долари на даночните обврзници, инвестирани во овој регион, нема да пропаднат, со тоа што ја поддржуваат работата на исполнителите за развој на демократијата како Националниот демократски институт и Меѓународниот републикански институт. Го гледавме континуираното значење на овој вид на работа со иницијативи како новосоздадената работна група за борба против екстремизмот, која им помага на законодавците во Босна да се прилагодат на постојано менувачкиот предизвик на екстремизмот во насилство.

Имаме многу алатки со кои располагаме, за да ј спречиме притаената дестабилизација во Западен Балкан. Нека да гарантираме дека нема да ги растуриме огромните инвестиции кои ги направивме во овој тежок регион, и ќе ја обновиме нашата ангажираност да им помогнеме на овие нови демократии да го постигнат својот целосен потенцијал.

–––––––––

Коментарот во в. ʺВашингтон Постʺ е на генерал Весли Кларк, поранешен командант на силите на НАТО во Европа, моментално висок соработник на Центарот Беркли за меѓународни односи на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес и директор на ʺВесли К. Кларк и соработнициʺ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO