Премиерот на Бугариjа Бојко Борисов заминува во посета на Босна и Херцеговина. Денес, тој ќе го отвори Меѓународниот економски саем што ќе се одржи во 21-ви пат во Мостар, објави владината прес-служба.

Поканата за учество е од страна на Претседателството на Босна и Херцеговина и српскиот претседател Александар Вучиќ, чија земја оваа година е партнер на изложбата.

Саемот е место за средба за бизнис претставници од регионот и големите меѓународни компании. Со своето присуство, премиерот Борисов ќе ја истакне важноста на економскиот развој на земјите од Западен Балкан за нивната европска перспектива.

Денес премиерот Борисов ќе учествува на работна вечера на Драган Човиќ. Во неа ќе учествуваат исто претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Филип Вујановиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, претседателот на Федерацијата на Босна и Херцеговина Маринко Чавара и Борјана Кришто, коjа е Претседател на Претставничкиот дом во Парламентот на Босна и Херцеговина.

За време на неговата посета, се планираат билатерални средби со водачите на балканските земји кои учествуваат на Меѓународниот економски саем.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO