Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека личните податоци за 87 милиони корисници, главно во САД, веројатно се неправилно споделени со политичката консултантска фирма „Кембриџ аналитика“. Претходно беше соопштено дека со скандалот се засегнати околу 50 милиони лица.

Извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Закерберг, исто така, најави дека таа социјална мрежа ќе им понуди на сите корисници алатки и контролни механизми кои се опфатени согласно новите европски правила за заштита на личните податоци, кои треба да стапат во сила на 25 мај 2018 година.

Новата регулатива на Европската Унија за заштита на лични податоци, позната како ГДПР, која се воведува по скандалот со „Кембриџ Аналитика“, предвидува построги правила за заштита на приватноста на корисниците.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO