Тиангонг-1 повторно влезе во атмосферата на Земјата во понеделникот рано наутро (00:15 часот по Гринич), слетувајќи во средината на Јужниот Пацифик, соопшти кинеската вселенска агенција, пренесе BBC.

„Повеќето делови изгореа во процесот на повторно влегување (во атмосферата)“, се вели од агенцијата. Вселенската станица, чие име значи „Небесна палата“, беше лансирана во септември 2011 година како прототип за крајната вселенска цел на Кина: постојана вселенска станица, Тиангонг-3 -се очекува да биде лансиран околу 2022 година.

Нејзиното уништување го привлече вниманието на јавноста во последниве неколку недели, додека научниците од целиот свет го следеа нејзиниот неконтролиран пад.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO