ʺМакедонската компанија ʺАлфа Енергоʺ и испратила необврзувачка понуда на чешката ʺЧЕЗ Групʺ за нејзиниот бизнис во Бугарија. Тоа се случило во почетокот на 2017 година, но понудата не влегла во обврзувачки ангажман, според документот со кој располага бугарскиот новинарски сајт Бивол.

На прашање на Бивол дали во ЧЕЗ Груп добиле таква необврзувачка понуда од „Алфа Енерго“ и дали таа била разгледана, од прес-офисот на чешката фирма го соопштиле следново: „Имаме договори за необјавување со сите страни кои пројавиле интерес за процесот на продажба и не ги коментираме индивидуалните учесници. “ Во пракса, се потврдува дека ʺАлфа Енергоʺ учествувала во процесот на продажба.

Понудата на ʺАлфа Енергоʺ изнесувала 310 милиони евра, која ја вклучува и „ТЕЦ Варна“, проценета на 80 милиони евра. Покрај тоа, ʺАлфа Енергоʺ сакале да ги преземат долговите на ЧЕЗ кон ЕБРД , во износ од 116 милиони евра. Официјално писмо со намера да ги купат бугарските активи било испратено кон крајот на 2017 година.

Обидите на Бивол да добие коментар за понудата на „Алфа Енерго“ од македонската канцеларија на „Алфа холдинг“, која е дел од фирмата, не резултирале со успех.

Според Бивол: ʺПрвичните намери на ЧЕЗ биле да го продаде својот бизнис во пакет и тоа се совпаѓа со понудата на Македонците. На крајот сепак ТЕЦ Варна беше продадена одделно во октомври 2017 година на фирма поврзана со поранешниот министер за транспорт во владата на Пламен Орешарски Данаил Папазов. Цената не беше официјално објавена, но чешкиот весник Hospodarske Noviny напиша дека понудата изнесувала околу 50 милиони евра.”

Кој стои зад ʺАлфа Енергоʺ?

Во документот со понудата на „Алфа Енерго“ пишува дека таа е во сопственост на семејството на некој си Димитар Тренков. Управителот на фирмата, кој го ставил војот потпис под понудата до ЧЕЗ, се вика Александар Заовски.

„Алфа Енерго“ има лиценца во Македонија за трговија со струја. Таа се претставува како дел од групата „Алфа холдинг„, која вклучува компании за трговија со горива, хемиски производи и финансиска куќа.

Случајот на македонската „Алфа“ премногу личи на оној на бугарската „Инерком“. Ниту Тренков и Заовски ниту фирмите од групата „Алфа холдинг“ се познати во Македонија. Тие не поседуваат средства и експертиза за да управуваат милијардниот бизнис со струја на ЧЕЗ во Бугарија, кој опслужува над 3 милиони луѓе, со милион повеќе отколку населението на југозападниот сосед.

Изворот на импресивната сума од 426 милиони евра не е наведен во понудата на „Алфа“, но во документот се тврди дека компанијата е „во состојба да го обезбеди потребното финансирање за плаќање во кеш“, притоа тоа немало да зависи од трети земји за финансирањето на трансакцијата.

Несериозно звучи мотивацијата на компанијата, која преку оваа зделка цели „да ја стабилизира енергетската ситуација во Македонија“.

Богомил Манчев и Вук Хамовиќ

Но зад „Алфа“ изгледа стојат интересите на добро познатиот бугарски олигарх и неговите српски партнери. На наведената адреса за регистрација на фирмите од „Алфа холдинг“ е регистрирана и фирмата ENERGY FINANCING TEAM (EFT), која се поврзана со Богомил Манчев и српскиот олигарх Вук Хамовиќ, утврди проверката на Бивол.

EFT е познат играч во трговијата со струја на Балканот и пред години беше предмет на истрага од страна на Обвинителството во Бугарија за оштетување на НЕК со неповолни договори (види тука). На крајот таа истрага беше задушено и прекинато во 2012 година кај сегашниот главен обвинител Сотир Цацаров (види тука).

Фирмата на Вук Хамовиќ со исто име ЕФТ ООД била под истрага и во Велика Британија од SFO (Serious Fraud Office) за пренасочување на американски помош за струја за Босна и корупција. Истрагата сепак е прекината без да прерасне во обвиненија против бизнисменот.

Бугарскиот енергетски бос Богомил Манчев се поврзува најмногу со огромните суми добиени од неговата консултантска фирма „Риск Инженеринг“ за сопрениот проект „Белене“. Во дипломатска депеша на американскиот Стејт департмент тој е наведен како претставник на „енергетската мафија“.

И сопругот на Тимошенко?

Исто така постои и чешка врска зад Алфа. Доменот на групата е регистриран од фирма за хостинг и изработка на веб страници во Чешка, покажува проверката на Бивол. Во документите на „Алфа Енерго“ сепак нема никакви индикации дека тие имаат бизнис во Република Чешка.

Уште поинтересни врски доаѓаат од лицето за контакт на понудата на Македонците до ЧЕЗ. Тоа е Ота Штрос, кој го дал својот личен е-мејл, како и телефонот во Прага.

На истиот телефон одговара фирмата Earth Energy, s.r.o. во која како поранешен сопственик се појавува Јана Штрос. Поинтересен, сепак, е сегашниот сопственик на компанијата, Вацлав Франц. Тој има две заеднички фирми со Олександр Тимошенко.

Колеги на Бивол од чешкиот Центар за истражувачко новинарство открија дека Олександр Тимошенко е сопруг на поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко, позната како „гасната принцеза“. Во 2012 година тој доби азил во Чешка, откако неговата сопруга Јулија беше фрлена во затвор од режимот на Јанукович.ʺ

Целата публикациjа во Бивол, може да jа прочитате тука.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO