Сите граѓани кои имаат приходи над илјада евра ќе плаќаат 18 отсто персонален данок, рече министерот за финансии Драган Тевдовски и додаде, дека оваа ставка ќе важи за сумата која е над илјада евра, додека 10 % ќе се плаќа за до 1000 евра. Висината на сумата, беше причина Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев јавно да не се согласат околу предлогот: „Треба да го продискутираме сите во општеството прагот над кој што би се променила даночната стапка и ако тој го спуштиме многу ниско во тој случај ќе биде дестимулативно“, посочи Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

Ако ги видите точно податоците на УЈП, некаде нето околу илјада евра над тоа имаат само два проценти од луѓето со највисок доход. Мислиме дека тоа е границата која што треба да биде поставена за дополнителната стапка. Зошто? Бидејќи таа стапка нема да удри по средната класа“, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO