За последните десет години, според податоците на БНБ, во Бугарија се инвестирани повеќе од 29 милијарди евра, при што инвестициите во секторите на економијата со висока додадена вредност постојано се зголемуваат.

Тоа го соопшти заменик-министерот за економија Александар Манолев за време на Меѓународната конференција “ IT Hub Connect 2018″ во организација на Американската стопанска комора во Бугарија и Индиско-бугарската стопанска комора. Тој претстави презентација под наслов „Бугарија: дестинација за инвестирање“. Иднината на инвестициите и инвестициите на иднината „во рамките на еден од панелите на форумот.

„За последните 10 години во нашата земја беше создадена една многу сериозна база, која ние треба да ја надградуваме“, рече Александар Манолев. Според него на прво место меѓу странските инвестиции за периодот е Холандија (со над 6 милијарди евра), следена од Австрија (со скоро 3 милијарди евра), Германија (со над 2 милијарди евра) и Грција (со 1, 9 милијарди евра). „Меѓутоа, треба да го фокусираме нашето вниманието на тоа каква е структурата на овие инвестиции и во кои сектори на нашата економија се насочени тие“, додаде економскиот заменик-министер и појасни дека во последниве години одржливо се зголемува процентот на вложувањата во сектори на економија со висока додадена вредност. Во 2017 година инвестициите во преработувачката индустрија се со удел од 33% од вкупниот обем на странски директни инвестиции, следени од секторите „Трговија и поправка на автомобили и мотоцикли“ со удел од 32%, стана јасно од неговата изјава.

„Овие процеси можат и треба да се управуваат уште поефикасно преку Законот за поттикнување на инвестициите (ЗПИ) и тоа е насоката во која работиме“, рече тој. Според изнесената статистика за 2017 година се издадени 31 сертификатот по ЗПИ, при што 15 од проектите се реализирани во високотехнолошки производства и услуги. Од почетокот на 2018 година се издадени вкупно 10 сертификати, од кои 6 се во такви сектори. „Се движиме во правилна насока, но имаме потреба од понатамошни усилби за да ги развиеме токму секторите со висока додадена вредност“, истакна Александар Манолев.

Меѓународната конференција IT Hub Connect 2018 се одржува во период 26 – 27 март 2018 година во Софија Тех Парк, а официјално беше отворена од министерот за економија Емил Караниколов. Настанот е под покровителство на бугарското претседателство на Советот на ЕУ. На форумот се дискутираат можностите за инвестиции и иновации во Бугарија и Европска унија, при што се става акцент на можноста за продлабочување на соработката во ИТ-сферата и препознавање на Бугарија како врата за Индија кон Општиот дигитален европски пазар.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO