10.000 пицерии во 2000 градови во САД ги примаат своите нарачки преку колцентар кој е лоциран во Република Македонија.

300 службеници на фирмата ʺСлајсʺ, чии канцеларии се наоѓаат во Дебар и Охрид, секојдневно опслужуваат помеѓу 10.000 и 20.000 американски клиенти..

Инвестицијата е на Илир Села од Дебар, кој повеќе од 20 години живее во САД. Со својата иницијатива, тој му помогнал на родниот крај во борбата против невработеноста, особено кај младите луѓе. Неговата компанија има 147 вработени во Дебар и 150 во Охрид. Се планира да бидат отворени уште 100 нови работни места.

Со помош на платформата создадена од Села, сите американски корисници имаат пристап до веб-страница каде што можат да ги направат своите нарачки. За нивното опслужување, 24 часа се грижат од Република Македонија.

Пицата е гордост на Италијанците, но очигледно во Македонија имаат нешто повеќе од симпатија за овој омилен италијански специјалитет. Најбогатиот македонец во светот Мајкл Илич; / тој почина неодамна / од Детроит има акумулирано богатство од повеќе милијарди долари од продажбата на пици. Во 1959 година тој ја создава Little Caesars Pizza , која има филијали во многу земји низ светот.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO