1907 година загинува Михаил (Мише) Спиров Развигоров со прекар Клебел, бугарски револуционер, деец на бугарското национално-ослободителното движење во Македонија и Одринско.

Роден е во Штип во 1873 година во семејство на револуционери. Неговите браќа Александар и Емануел (Мане) исто се истакнати дејци на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, а внукот му – Ипократ Развигоров (1900-1927) и неговиот син Страхил Развигоров (1897-1948) се меѓу најистакнатите фигури на ВМРО по Првата светска војна.

Учи во Педагошкото училиште во Ќустендил, каде кон 1893 година учествува во формирањето на Македонско младинско друштво. Исклучен е поради училишен бунт и го завршува средното образование во Педагошко училиште во Казанлак. Во 1895 се вратил во својот роден град и работел како учител. Во истата година се вклучува во редовите на ВМОРО. На крајот на 1897 година, по откритието на власта во врска со Виничката афера, е уапсен. За да ги спаси своите другари, ја презема целата вина врз себе, поради што е осуден на доживотен затвор во Подрум кале во Мала Азија.

Во август 1902 година, тој е амнестиран. Учествувал во подготовката на Илинденското востание во 1903 година. Од 1904 година, тој е штипски околиски војвода. Во септември 1904 година со својата чета казнува осум србомани во Кумановското село Кокошине (видете: Кокошинско колење), вмешани во учеството во мрежа, која ја предала четата на Славејко Арсов на турските власти.

Во 1905 година Развигоров е делегат на Рилскиот конгрес на ВМОРО, а во 1906 година е избран за член на Скопскиот окружен комитет на ВМОРО. За некое време како секретар во неговата чета се вклучува идниот шеф на ВМРО Тодор Александров.

Мише Развигоров го запленува Коста Георгиев, секретар во четата на Крстјо Б’лгаријата, откако во неговата преписка наоѓа информации за малтретирање над локалното население и дејци на организацијата. Влегува во спор со другиот раководител на скопскиот окружен комитет, Петар Ангелов.

Според Ефрем Чучков во 1907 година Мише Развигоров е предаден од Марко Секулички, кој по сугестија од Софија се поврзува со Ване Икономски од Штип од чорбаџиската партија кои развиваат партизанштина и раздор во ВМОРО. Крај Штип неговата чета е опколена од турска војска и по долготрајно борба, за да не падне во рацете на османските единици, Мише Развигоров се самоубива во потпалена од непријателот куќа. Во битката загунуваат уште и четникот Петар Жабата и членот на градската организација Милан Крстев.

Во статија по повод годишнината од смртта на Мишев Развигоров во 1943 година, Ангел Узунов пишува статија во списанието Илинден, во која може да прочитаме:

„Денес Македонија е слободна и обединета со мајка Бугарија и безсмртниот дух на Мише Развигоров е успокоен. „

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO