Текст од 20 страници, коj ги содржи сите отворени прашања помеѓу Скопје и Атина, содржи грчкиот предлог за договор меѓу Република Македонија и Грција, што грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коsијас ќе го претстави во четврток во Скопје, соопшти радио „Атина 984“.

Радиото соопшти дека предлогот е подготвен од грчкото Министерство за надворешни работи и е детално разгледан од премиерот Алексис Ципрас и првиот дипломат на Грција Коsијас. Ги содржи сите точки што ги најави шефот на грчката дипломатија.

Што се однесува до можни имиња, радиото коментира дека Горна Македонија е „омилено“ за Атина, но без превод – „нешто што ќе биде многу тешко да се прифати од другата страна“.

Судејќи според информациите во грчките медиуми од претходниот период, Грција не само што преферира името да не се преведува, но и да биде напишано споено, во еден збор.

Уште една точка на грчките барања е уставната промена.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO