Бугарски бизнис проекти на кои Катар е заинтересиран за инвестиции, беа разгледани на средба на премиерот Бојко Борисов со делегација од Катар предводена од шеикот Абдул Азиз бин Али Ал-Тани, член на емирското семејство, и вклучува претставници на Qatar Investment Autority , соопштија од владината прес служба.

Средбата е продолжение на разговорот на бугарскиот премиер со емирот на Катар Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани во почетокот на март во Софија.

Фокусот на разговорите беше ставен на потенцијалите за соработка при изградба на инфраструктурни објекти како тунелот под „Шипка“ АМ „Црно Море“, индустриската зона во Стара Загора, аеродромите „Софија“ и „Стара Загора“ и др. Друга тема беше поврзана со можностите за инвестирање кои ги нуди богатството на земјата од минерални и изворска вода, како и балнеоложки центри.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO